Обама: Односите со Авганистан се прошируваат и продлабочуваат

Американскиот претседател Барак Обама денеска го поздрави проширувањето и продлабочувањето на односите со Авганистан, додавајки дека на средбата со неговиот авганистански колега Хамид Карзаи ја обновиле посветеноста да ја соборат терористичката Ал-Каеда. Тензиите во односите кои беа актуелни во изминатиов период „беа премногу нагласувани“ додаде американскиот претседател. Пред официјалната посета на САД, Карзаи ги обвини западните земји за мешање во внатрешнополитичките работи на Авганистан.