САД ја поздравија акцијата кај Радуша

САД ја поздравуваат успешната акција на полицијата против вооружени криминални елементи кои очигледно планирале акти на насилство против граѓаните на Македонија, се вели во писмената изјава на амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер во врска со денешниот инцидент кај Радуша. Го повторуваме нашиот цврст став против насилството и, како што беше кажано во заедничката изјава со другите претставници на меѓународната заедница на 27 април, го осудуваме насилството и тие што го промовираат, се наведува во писмената изјава на амбасадорот Рикер.