Уапсен патник со 15 парчиња оружје на аердодромот во Каиро

Властите во Египет јавија дека уапсиле патник на аеродромот во Каиро кој пристигнал од Њујорк со 2 пиштоли, 250 куршуми, 2 меча и 11 ножеви во неговиот багаж. Постојат сомнениа дека уапсениот планирал да го препродава оружјето. За сега не се знае како осомничениот успеал да помине низ безбедносната контрола на аеродромот во Њујорк.