Латвиската полиција трага по синот на Бакиев

Латвиската полиција денеска почна да трага по Максим Бакиев, синот на поранешниот киргистански претседател Курманбек Бакиев. Министерката за внатрешни работи на Латвија Линда Мурниеце рече дека потрагата почнала по барањето за екстрадиција кое го испратила киргистанската привремена влада. Максим Бакиев се товари со обвинениа за корупција при набавката на нафта за американската база во Киргистан.