Естонија планира да се приклучи во еврозоната

Европската комисија денеска го подржа планот на Естонија да го воведе еврото како официјална валута до 2011 година. Министерството за надворешни работи на земјата соопшти дека „се евалуирала подготвеноста на Естонија да го воведе ееврото и било предложено земјата да и се приклучи на еврозоната до 2011 година“. Министрите за финансии од Европската унија треба формално да ја одобрат оваа мерка на балтичката земја на состанок во јули годинава.