Груевски во Мароко

Во текот на вчерашниот ден ги отворивме политичките порти, а денеска вратите за соработка со мароканскиот бизнис. Неисправно е како држава повеќе од две децении да го запоставуваме овој пазар, оцени премиерот Никола Груевски во завршната изјава по бизнис форумот во Рабат. Тој потенцираше дека по посетата на Кралството Мароко може да се очекуваат инвестиции во различни области, а Македонија како земја која нуди најниски трошоци, како што посочи, е добра можност за бизнисмените.