Медведев ја продолжува посетата на Турција

Рускиот претседател Дмитри Медведев, кој од вчера престојува во официјална посета на Турција, денеска ќе се сретне со својот турски колега Абдула Ѓул. Се очекува Медведев да присуствува на потпишувањето на неколку договори за соработка, меѓу кои и од областа на енергетиката, како и за визна либерализација. Русија е втор трговски партнер на Турција и нивните врски и натаму се подобруваат.