Во Вашингтон средба Обама- Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во рамките на посетата на САД денеска во Вашингтон ќе се сретне со својот американски колега Барак Обама. Карзаи вчера ги посети војниците кои се ранети во борбите во Авганистан во рамките на мисијата ИСАФ. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс, по вчерашната средба со авганистанската делегација, ветија дека САД нема да се откажат од Авганистан.