Би било штета ако забави решавањето на спорот со името, смета Фуере

Би било штета доколку се изгуби минатогодишното позитивното темпо на успешно завршени реформи и активности да се најде решение за спорот за името со Грција, порача денеска евроамбасадорот Ерван Фуере, по отворањето на манифестацијата „Европски ден на претпримачот“. Изјавата на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски дека очекува почеток на преговорите за македонско членство во ЕУ за време на претседателството на земји со поголема наклонетост, за Фуере е чекор назад во процесот. Прашан дали е можно решение во спорот за името до јуни, евроамбасадорот ја повтори пораката на Унијата - дека се потребни интензивни напори двете страни да се обидат и да најдат решение за проблемот, со истовремено продолжување на реформите.