Папата пристигна во Лисабон

Папата Бенедикт Шеснаесетти денеска пристигна во Лисабон, прва дестинација на неговата четиридневна посета на Португалија. Претседателот Анибал Кавако Силва и премиерот Хозе Сократес го пречекаа првиот човек на католичката црква, за кого се применуваат најстрогите безбедносни мерки во историјата на Португалија, со повеќе од 8,000 ангажирани полицајци. Се очекува во текот на денов Папата да им се обрати на 200,000 верници во Лисабон.