Двајца НАТО војници загинале во Авганистан

НАТО соопшти дека двајца војници загинале денеска во експлозија на бомба поставена покрај пат во Авганистан. Националноста на војниците за сега не е позната. Повеќемината војници распределени во јужните провинции се од САД, Канада, Британија и Холандија. Авганистанското министерство за внатрешни работи, пак, соопшти дека НАТО силите убиле осумнаесетмина милитанти во провинцијата Хелманд.