Иран - визи за мајките на тројцата уапсени американци

Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека се издадени визи за мајките на тројцата Американци уапсени во близина на ирачката граница, со цел да ги посетат во затворот. Министерот за надворешни работи Манушеир Мотаки изјави дека одлуката била донесена од "хуманитарни причини".
Иран ги обвини Шејн Бауер, Сара Шоурд и Џош Фатал за шпионажа и поврзаност со американските разузнавачки служби. Нивните семејства и американската влада ги негираа обвинувањата.
Според семејствата тие како туристи се шетале во Курдистанскиот регион на северен Ирак и дека ако ја преминале границата со Иран тоа било ненамерно.