Францускиот Парламент ќе гласа против бурката во Франција

Францускиот Парламент денеска со формална резолуција треба да го осуди носењето бурка како спротивно со вредностите на нацијата. Со тоа, Франција, по Белгија ќе стане втора европска земја која гоосудува носењто на муслиманската бурка на јавно место. Овој проблем отвори широки дебати за местото на исламот во Европа. Во Франција има меѓу 5 и 6 милиони муслимани.