Индија и Пакистан во обид да ги обноват мировните преговори

Министрите за надворешни работи на Индија и Пакистан ќе се состанат на 15 Јули во Исламабад како дел од напорите за обнова на мировните разговори. Индија ги прекина разговорите по терористичките напади во Мумбаи во 2008 кога загинаа 166 лица. Двете држави од 1947 водеа три војни.