Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи во САД

Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи со вечера кај државниот секретар Хилари Клинтон ја започна 4 дневнета посета на САД, чија цел е засилување на разнишаните односи со администрацијата на Претседателот Барак Обама. Карзаи утре ке се состане со Обама и се очекува фокусот на разговорите да биде посветен на цивилните жртви во воените акции против талибанците и американската загриженост за корупцијата и слабото владеење во Авганистан.