Собранието ја продолжува расправата за Законот за учебници

Собранието денеска ќе ја продолжи 104 седница во чии рамки вчера беше усвоен заклучок Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај да помине во втора фаза и заклучок за поддршка на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во прво читање и препорача негово читање во втора фаза. Пратениците почнаа расправа за Предлогот за изменување на Законот за учебници. Станува збор за измена на член 25 во кој е прецизирано кои учебници учениците ќе немаат обврска да ги вратат на крајот на учебната година. Тоа се учебници со интерактивни содржини - во кои се пополнува, пишува, црта, потцртува, сече.