ЕУ предлага директни разговори со Иран

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Кетрин Ештон изрази подготвеност во Брисел да овозможи директни разговори со претставници на Иран за нуклеарната програма и оцени дека Советот за Безбедност на Обединетите нации би можел да донесе одлука за неколку недели околу воведувањето дополнителни санкции. Ештон ова го изјави во својот говор на крајот од редовните месечни разговори меѓу европските минситри за надворешни работи во Брисел. Турција минатата недела сугерираше дека ЕУ може да направи уште еден обид да најде компромис со Техеран пред воведување нови санкции. Советот за Безбедност на ОН треба наскоро да го разгледа воведувањето доплнителни санкции против Иран поради нуклеарната програма на оваа земја.