Покана за членство на Израел во ОЕСР

Организацијата за економска соработка и развој испратила покана за членство до Израел и покрај приговорите на палестинците. Меѓународната организација има мисија да ги координира економските политики на индустриски најразвиените земји. Денеска биле испратени покани за членство до Израел, Словениа и Естонија. Трите земји ќе придонесат кон формирање на плурална и отворена Организацијата за економска соработка и развој, изјави генералниот секретар на меѓународната институција Ангел Гуриа. Изралекиот министер за финансии, пак, изјави дека членството на земјата во организацијата би претставувало историски успех.