Трет ден разговори на британската опозиција

Лидерите на Конзервативната и Либерално – демократската партија во Британија денеска одржуваат трет ден разговори за формирањето на нова влада, откако на изборите ниту една од партиите не освои мнозинство гласови. Конзервативната партија доби најмногу гласови, но не го освои мнозинството потребно за самостојно создавање на парламентарниот состав. Тие сега ја бараат подршката на Либерално – демократите кои се трети по бројот на освоени гласови. По тринаесет години на власт, лабуристите на Гордон Браун се втори по бројот на освоени гласови на изборите кои се одржаа на шести овој месец.