Во Атина средба на партиските лидери

Грчкиот претседател Каролос Папуљас за денеска во Атина свикал состанок на лидерите на партиите претставени во парламентот на кој ќе се разговара за состојбата во економијата и ситуацијата во државата. На состанокот, како што се дознава, нема да учествува шефот на Комунистичката партија Алека Паприга и претседателот на парламентарната група на Коалицијата на радикалната левица Сириза Алексис Ципрас.