Уште една жена во Врховниот суд на САД?

Американскиот претседател Барак Обама, како што се дознава во Вашингтон, има намера да ја наименува Елена Каган за да го пополни испразнетото место во Врховниот суд. Станува збор за 50 годишна адвокатка која сега ја претставува американската влада во случаи пред Врховниот суд. Доколку нејзината номинација биде одобрена од Сенатот, Каган ќе стане четврта жена која ќе влезе во највисокиот американски суд.