Продолжение на мировните разговори меѓу Израел и Палестинците

Мировни разговори меѓу Израел и Палестинците, повторно се активираа по неколкумесечен застој. Првиот круг на разговори завршија со потврда на САД дека специјалниот претставник Џорџ Мичел ќе се врати во регионот следната недела. САД ги повикаа двете страни да продолжат со напорите за изнаоќање решение, откако Мичел вчера се сретна со претседателот на Палестинците.
Во меѓувреме, советник на палестинскиот лидер, изјави дека Израел се обидува да ги испровоцира САД, негирајќи дека имаат дадена обврска да ги замрзнат изградбите на населби во Источен Ерусалим . Портпаролот на Белата куќа изјави дека Израел се обврзале да запрат со изгадбата на населбите.