Средба Иванов - Медведев

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Москва остварил кратка средба со рускиот колега Дмитриј Медведев. На средбата било разговарано за односите меѓу Македонија и Русија, за економските односи меѓу двете држави, за Договорот за пријателство и соработка, кој треба наскоро да биде потпишан, како и за дополнителна либерализација на визната политика за руските граѓани кои патуваат во Македонија.