Парада во Москва

Денеска во Москва продолжува одбележувањето на 65 годишнината од крајот на Втората светска војна. На денешната парада во главниот град на Русија ќе учествуваат војници од Соединетите американски држави, Франција, Британија и Полска. Францускиот претседател Николас Саркози и италијанскиот премиер Силвио Берлускони го откажаа присуството на парадата поради денешните разговори за стабилизирање на еврозоната по шокот од грчката должничка криза. Германскиот канцелар Ангела Меркел, пак, изјави дека планира да присуствува на парадата.