Берлускони ја откажа посетата на Москва

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е втор лидер кој денеска го откажа присуството на церемонијата по повод одбележувањето на крајот на Втората светска војна во Москва Русија. Исто како и францускиот претседател Николас Саркози, Берлускони нема да отпатува во Москва поради потресите на еврозоната поради грчката должничка криза. Наместо Саркози, на церемонијата во рускиот главен град ќе присуствува амбасадорот на Франција во земјата. За сега не се знае кој ќе присуствува на настанот наместо Берлускони.