Јункер: Еврозоната е нападната

Сметаме дека целата еврозона е нападната. Од сега до недела вечер мораме да формулираме кохерентен одговор на целата еврозона и на целата Европска унија против овие напади, кои се неосновани. Ова денеска го изјави претседавачот на еврозоната Жан Клод Јункер пред утрешниот состанок на кој министри за финансии од земјите во зоната ќе разговараат за формирање на нов фонд, во кој ќе се вложуваат милијарди евра со цел да се одржува стабилноста на заедничката европска валута. Меѓу другото, се најавуваат и за сега неспецифицирани контролни механизми со кои ќе се дисциплинираат шпекулаторите, кои наводно придонеле кон намалувањето не вредноста на еврото. Неделава валутата бележеше рекордна загуба во вредноста покрај американскиот долар поради стравувања од негативните ефекти од грчката должничка криза