Саркози ја откажа посетата на Русија

Францускиот претседател Николас Саркози ја откажа официјалната посета на Москва поради кризата во еврозоната. Француската амбасада во Русија соопшти дека Саркози мора да остане во Франција за утрешните разговори посветени на кризата во еврозоната. На денешната церемонија во Москва, со која се одбележува крајот на Втората светска војна, ќе присуствува францускиот амбасадор во земјата Жан де Глиниасти.