Предложени механизми за заштита на еврото

Лидерите на еврозоната денеска соопштија дека создаваат нов кризен фонд со цел да се сопре ослабнувањето на евро валутата. Шеснаесетте претставници на земји кои го користат еврото како национална валута исто така се согласија да воведат контролни механизми со кои ќе се дисциплинираат шпекулаторите, кои наводно придонеле кон намалувањето не вредноста на валутата. Инаку, вчеравечер лидерите од земјите во еврозоната го одобрија пакетот помош за Грција, тежок рекордни 110 милијарди евра.