Иран го поздрави предлогот за нови преговори

Иран соопшти дека го поздравува предлогот за нови преговори со западните сили за неговата нуклеарна програма што најверојатно би се одржале во Турција. Турската агенција Анадолија денеска го цитира иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки кој вели дека идејата била прифатена од Техеран.,,Ако се согласиме оваа средба би можело да се одржи во многу кратко време,, изјавил Мотаки по синоќешниот состанок со турските власти во Истанбул.