Поштенска марка по повод македонското претседателство во СЕ

По повод претседателството на Република Македонија во Советот на Европа, АД Македонска Пошта- Биро за филателија изготви пригодна поштенска марка под името „Совет на Европа – Претседателство на Македонија“. Номиналната вредност на марката е 18 денари, а нејзин дизајнер е Лариса Живковска Донев.