Бројот на децата работници во светот опаѓа бавно

Меѓународната организација за труд предупреди денеска дека се намалува стапката на опаѓање на бројот на децата работници во светот. Во извештајот што се објавува секои четири години се наведува дека во периодот од 2004 до 2008 година бројот на децата работници од 222 милиони, опаднал на 215 милиони. Извештајот е објавен пред светската конференција за детската работа што во идната недела почнува во Хаг.