Пакистан тестирал две ракети

Пакистан соопшти дека денеска успешно тестирал две ракети со краток дострел кои можат да носат нуклеарни боеви глави. На тестирањето присуствувал и пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани. Пакистан и неговиот сосед Индија поседуваат нуклеарни бомби.