САД бараат повеќе од Пакистан во борбата против тероризмот

Соединетите држави сакаат Пакистан да направи повеќе во справувањето со бунтовниците во земјата. Државниот секертар Хилари Клинтон оцени дека Пакистан презема чекари за тоа, но оти тие не биле доволни. Таа додаде дека Вашингтон предупреди на големи последици доколку се открие дека некој напад врз Соединетите држави бил подготвуван во Пакистан. Во минатата сабота беше откриен автомобил бомба во Њујорк, што, според истрагата, бил поврзан со талибанците во Пакистан.