Самит на Заедницата на независни држави

Лидерите на Заедницата на независни држави денеска во Москва одржуваат состанок. Тие се во Москва за да присуствуваат на утрешната прослава по повод 65 годишнината од завршувањето на Втората Светска Војна. На парадата се очекува да учествуваат 10 илјади руски војници и за прв пат досега и војници од Соединетите држави, Франција, Британија и Полска.