Британија - постизборни игри за формирање коалициона влада

Лидерот на британските конзервативци Дејвид Камерун изјави дека ке им понуди на трето пласираната либерално демократска партија да формираат коалициона влада. Конзервативците не успеаја да обезбедат апсолутно мнозинство на вчерашните парламентарни избори. Тие од 650 места во парламентот добија 306 додека владеачките лабуристи 258, а либерал демократите 57. Британскиот премиер Гордон Браун денеска изјави дека поради националниот интерес е подготвен да разговара со помалата Либерално демократска партија за формирање на влада. Тој е, сепак, изјави дека го почитува ставот на Ник Клег, лидерот на либерал демократите , кој изјави дека прво ќе разговара со конзервативците како најсилна партија по изборите.