Браун сака влада од „нацинален интерес“ со либерал демократите

Британскиот премиер Гордон Браун денеска изјави дека поради националниот интерес е подготвен да разговара со помалата Либерално демократска партија за формирање на влада.
Лабуристичка партија на Браун заврши на второто место, според нецелосни резултати на парламентарните избори. Победник на изборите е Конзервативната партија, но никој нема апслоутно мнозинство за да формира стабилна влада.
Браун рече дека економските предизвици, вклучувајќи ја и грчката криза и влошување на ситуацијата во еврозоната, се причина да се најде брзо решение за нова влада. Тој е, сепак, изјави дека го почитува ставот на Ник Клег, лидерот на либерал демократите , кој изјави дека прво ќе разговара со конзервативците како најсилна партија по изборите.