Штефан Филе во посета на Косово

Комесарот за проширување на Европската Унија, Штефан Филе, кој е во посета на Косово, изјави дека е потребна битка против корупцијата, организираниот криминал и подобрување на јавната администрација. Филе денеска во севрниот дел на Косовска Митровица отвори информативен центар на Европската Унија, а одржа и предавање на универзитетот во Приштина.