Русија заинтересирана за подобра соработка со НАТО

Русија е заинтересирана за соработка со трансатлантскиот сојуз во полето на анти-ракетната одбрана и во други области. Ова го изјави шефот на воената комисија на НАТО, адмирал Џанпаоло Ди Паола, по средбата во Брисел со началникот на генералштабот на руската армија генерал Николај Макаров. Проектот за анти-ракетен штит според рускиот генерал би моежел да се разгледа наредната година. И заменик-претседателот на САД Џо Бајден, кој го посети Брисел, говореше за можната соработка меѓу НАТО и Москва.