Продолжуваат напорите на САД за разговори на Блискиот исток

Американските власти соопштија дека ги продолжуваат напорите за заживување на индиректните мировни разговори меѓу Палестинците и Израелците. Американскиот специјален претставник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел денеска треба да се сретне со израелскиот претседател Шимон Перес и со министерот за одбрана Ехуд Барак. По средбата предвидено е тој да отпатува за Рамалах каде што треба да разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Абас се повлече од преговорите откако Израел одби да ја запре изградбата на еврејската населба во Источниот дел на Ерусалим.