Железничка несреќа во Турција

Најмалку 30 луѓе се повредени при судар на два воза во северозападна Турција, соопштија тамошните власти. Несреќата се случила во провинцијата Коџаели, стотина километри источно од Истанбул. Гувернерот на областа изјавил дека само еден од повредените патници е во тешка состојба.