Прв круг гласање во грчкиот парламент, одобрени мерките за штедење

Со 172 гласа за и 121 против, земениците во грчкиот парламент денеска го одобрија воведувањето на строги мерки за штедење, со цел земјата да го добие пакетот од Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија тежок 110 милијарди евра. Грчките медиуми јавија дека мерките мора да поминат на втор круг гласање за конечно да бидат усвоени, што би требало да се случи денеска. Жителите на Грција се видно незадоволни од владините мерки, кои можеби ќе предизвикаат зголемување на даноците и намалување на пензиите.