Македонија во потрага по еврообврзница

Претставници на Македонија од 10 до 12 мај ќе одржат серија средби со инвеститори во Европа околу планираното издавање на еврообврзница, велат претставници на контактираните банки, пренесува „Ројтерс“. Според агенцијата, потрагата ќе почне во Цирих и Виена на 10 мај, утредента ќе продолжи во Франкфурт и Минхен, а ќе заврши на 12 мај во Лондон. Од новинската агенција „Ројтерс“ потсетуваат дека според агенциите Стандард и Пурс и Фич Македонија има кредитен рејтинг ББ и ББ+ и оти македонската Влада најави дека до средината на годинава би можела да издаде еврообврзница во износ од 175 до 225 милиони евра што ќе ја менаџираат банките „Кредит Свис“ и „ХСБЦ“.