Упасен осомничен за воени злосторства на Косово

Еден човек е уапсен на Косово денеска, осомничен за воени злосторства, изјави Кристина Херолдс, портпаролка на полицијата на Европската унија. За сега не се открива идентитетот на уапсениот кој е обвинет за воени злосторства во периодот од 1998 до 1999 година. Локалните медиуми шпекулираат дека станува збор за Сабид Геци, лидерот на ослободителната војска на Косово. Апсењето се случува само неколку дена откако полицијата на ЕУ изврши рација во просториите на косовското Министерство за транспорт.