Петерсен: Во Македонија ги научивме нашите лекции

,,За време на кратката војна во Македонија, која беше седма и последна во поранешна Југославија, ние конечно ги научивме нашите лекции и Европската унија, НАТО и Соединетите држави интервенираа веднаш за да го спречат конфликтот,,. Ова го оценува поранешниот специјален пратеник на Европската унија во Македонија Сорен Јесен Петерсен, наведувајќи дека за време на конфликтот и потоа многу се зборувало за голема Србија и голема Албанија. ,,Тоа, според мое мислење, е уште причина зошто е важно сите овие земји да влезат во Европската унија. Кога ќе бидат дел од поголема заедница на држави и на интереси сите тие разговори за голема Албанија стануваат неважни,, изјави Петерсен во дебатата за меѓуетничките конфликти во земјите на ОБСЕ, одржана деновиве во Вашингтон.