Заробените пирати ќе бидат пренесени во Москва

Руските истражни органи соопштија дека пиратите заробени од руската воена морнарица во оружената операција за ослободување на киднапираниот руски танкер ќе бидат префрлени во Москва каде што ќе им биде судено. Во акцијата во Аденскиот Залив еден пират бил убиен, додека 10 други биле уапсени. Немало повредени во екипажот на рускиот брод.