Бајден: Унапредување на европската безбедност

,,Соединетите држави се цврсто определни во ставот дека одлуките за европската безбедност мора да бидат донесени во тесна соработка со наште европски сојузници и партнери,,. Ова го наведува американскиот потпретседател Џозеф Бајден за Интернешнал Хералд трибјун, а пред неговото денешно обраќање во Европскиот парламент кое доаѓа по скоро 25 години од говорот на претседателот Роналд Реган како одбележување на 40 годишнината од завршувањето на Втората Светска Војна. Во ревизијата на стратегискиот концепт на НАТО како подготовка на Алијансата за 21 век Соединетите држави не веруваат дека на Европа и требаат нови договори или институции, смета Бајден, додавајќи дека за побезбедна Европа и натаму треба да се почитуваат основните принципи на постојните институции како НАТО и ОБСЕ.