Македонија со логото „Македонско претседателство„ на Комитетот на СЕ

„Македонско претседателство 2010“ е логото под кое Македонија ќе претседава со Комитетот на министрите на Советот на Европа. Ова лого било промовирано на вчерашниот состанок на амбасадорите на Комитетот на Министрите на ниво на амбасадори, во Стразбур, а во врска со подготовката на 120та министерска сесија која ќе се одржи на 11 мај. На состанокот зад затворена врата, не се дискутирало и не била донесена одлука за тоа под кое име Македонија ќе претседава, бидејќи Советот на Европа не може да спречи земја членка да ја користи придавката што ја сака. Всушност, Комитетот на министрите го прифати логото и именувањето на „Македонско претседателство 2010“, како што беше предложено во официјалниот документ доставен од македонското министерство за надворешни работи за приоритетите на македонското претседавање со Комитетот на министрите.