МНР препорачува да не се патува во Грција

Министерството за надворешни работи им препорачува на македонските граѓани да се воздржат од патување и подолг престој во Грција во овој период, ако не е неопходно.
Предупредувањето доаѓа поради насилните масовни демонстрации и се однесува на поголемите грчки градови, особено на главниот град Атина и на Солун.
На македонските граѓани што веќе се во Атина или во Солун, МНР им препорачува да се воздржат од движење во градските центри, во близина на државни институции или поголемите банки, како и зголемено внимание за нивните превозни средства.