11 милијарди долари помош за американски хипотекарен фонд?

Вториот по големина фонд за доделување станбени хипотекарни кредити во САД, Фреди Мек побара дополнителна државна помош од 10,6 милијарди долари, откако во првиот квартал годинава направи загуба од 8 милијарди долари.
Компанијата предупредува дека и во иднина ќе и требаат милијарди долари помош, зашто пазарот со недвижнини се уште е нестабилен.