Сталин на автобус во Санкт Петерсбург

Автобус на кој е претставен портретот на Сталин почна да вози низ улиците на Санкт Петерсбург, во престрет на обележувањето на 65-годишнината од победата против нацистичка Германија на 9 мај. Агенцијата Интерфакс јави дека непознати сторители го нападнале автобусот и го обоиле портретот на Сталин.
Младиот руски блогер Виктор Логинов собра околу 1300 долари од различни донатори за да го плати двонеделното крстосување на автобусот низ улиците на градот.
И покрај неворајатната суровост, многумина Руси се восхитуваат на улогата на Сталин во Втората светска војна.